Врз основа на член 385 од Законот за трговски друштва и член 65 од Статутот - Пречистен текст на Жито Полог АДТетово, Одборот на директори на Друштвото до Акционерите објавува

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ

НА ЖИТО ПОЛОГ АД - ТЕТОВО

 

Собранието на Акционери наЖито ПологАДТетово ќе се одржина ден 07.09.2020 година ( понеделник ) со почеток во 12,00 часот во седиштето на Друштвото ул.Маршал Тито бр.134 - Тетово.

За работа на седницата на Собранието се предлага следниот,

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. I.ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1.   Отворање на Собранието.

2.   Kонстатирање на кворум за работа на Собранието.

           3.   Изборна Претседавач на Собранието.

            4.    Избор на бројач на гласови.

  1. II.РАБОТЕН ДЕЛ
  2. 1. Донесување на одлука за констатирање на престанок на членството и мандатот на член на Одборот на директори на Жито Полог АД Тетово заради поднесена оставка.

- Предлог одлука за усвојување

2. Донесување на одлука за избор на член на Одборот на директори на Жито Полог АД Тетово

                       - Мислење

3. Донесување на одлука за продажба на удел кој претставува 100% од основната главнина на Трговско друштво за производство на мелнички, пекарски и други производи и промет на мало и големо ЖИТО БИТОЛА ДООЕЛ Битола.

       - Предлог одлука за усвојување

Се повикуваат сите акционери наЖито ПологАДТетово, односно нивните полномошници или застапници да присуствуваат и учествуваат во работата на Собранието на акционери.

Право на глас на Собранието имаат акционери кои поседуваат акции со право на глас запишани во Акционерската книга наЖито ПологАДТетово што се води во ЦДХВ, односно нивните полномошници или застапници.

Секој акционер кој има намера да учествува на свикано Собрание должен е да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на закажаната седницана Собранието.

Акционерите можат да овластат полномошник на седница на Собрание на Друштвото со давање на полномошново писмена форма без обврска да го заверат полномошното кај нотар. Акционерот треба веднаш да го извести Друштвотозасекоеполномошнодаденовописменаформа. Известувањето треба да биде во писмена форма на адресана седиштето на Друштвото, ул.Маршал Титобр.134 Тетово. Во прилог на известувањето се испраќа и копија од даденото полномошно, а оригиналото полномошното полномошникот е должен да го носи на седницата на Собранието. Акционер кој нема да го извести Друштвото зададеното полномошно ќе се смета дека него дал полномошното.

Обрасците за давањена полномошно во писмена форма секој акционер може да ги преземе од официјалната интернет страница на Друштвото www.zitopolog.com.mk

Согласно Законот за трговски друштва акционерите кои поединечно или заеднички поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлог и за вклучување на нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања во рок од 8(осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневен весник, а подетални информации за начинот на предлагање точки на дневен ред, поставување прашања и предлагање одлуки од странана акционерите може да се најдат на официјалната интернет страница на Друштвото www.zitopolog.com.mk

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред согласно Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.

Согласно Законот за трговски друштва записникот од седницата на Собранието го води нотар.

Материјалите од дневниот ред што се подготвени за Собранието им се достапни на акционерите, односно нивните застапници или полномошници секој работен ден од денот на објавувањето на јавниот повик во просториите на Друштвото на ул. Маршал Титобр. 134 во Тетово и на официјалната интернет страница на Друштвото www.zitopolog.com.mk

ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ