Врз основа на член 384 став 1 и член 387 од Законот за трговски друштва и член 65 и 68 од Статутот - Пречистен текст на Жито Полог АДТетово, Одборот на директори на Друштвото до Акционерите објавува

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ

НА ЖИТО ПОЛОГ АД - ТЕТОВО

 

Собранието на Акционери наЖито ПологАДТетово ќе се одржи на ден 21.07.2020 година (вторник ) со почеток во 12,00 часот во седиштето на Друштвото ул.Маршал Тито бр.134 - Тетово.

За работа на седницата на Собранието се предлага следниот,

ДНЕВЕН     РЕД

 

  1.   ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1.   Отворањена Собранието.

2.   Kонстатирање на кворум за работа на Собранието.

       3. Изборна Претседавач на Собранието.

  1. Избор на бројач на гласови.
  2. Избор на записничар и двајца заверувачи на записник.
  1. II.РАБОТЕНДЕЛ

1. Разгледување и усвојување на годишен извештај за работењето на Друштвото за деловната 2019година;

- Предлог одлука за усвојување

2. Разгледување и усвојување Годишна сметка и финансиски извештај на Друштвото за деловната 2019година

                      - Предлогодлука за усвојување

3. Консолидиран годишен извештај за работата на групата Жито Полог Ад Тетово за 2019 година

                                -Предлог – одлука за усвојување

4. Консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за групата Жито Полог Ад Тетово за 2019 година

                                -Предлогодлука за усвојување

5. Извештај за извршена ревизија на Годишната сметка ,финансискиот извештај и Годишниот извештај на Друштвото за деловната 2019година;

                                   -Предлогодлука за усвојување

6.Извештај за извршена ревизија на Консолидирана годишната сметка ,консолидираните финансиски извештаи и Консолидираниот годишниот извештај на групата Жито Полог АД Тетово за деловната 2019година;

                               -Предлогодлука за усвојување

7. Донесување на Одлука за распределба на добивката по Годишната сметка на Друштвото за 2019 година.

                             - Предлогодлука за усвојување

8. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија за период 01.01.2019 до 31.12.2019 година

                             - Предлог – одлука за усвојување

9. Извештај за работата на Одборот на директори во период од 01.01 до 31.12.2019година и одлучување за одобрување на работата и водењето на работењето со друштвото на членовите на одборот на директори;

                    - Предлогодлука за усвојување

10. Донесување на Одлука за именување на Ревизорска куќа за вршење на ревизија   на Годишната сметка наЖито ПологАД за 2020година.

                   - Предлогодлука за усвојување

11. Донесување на одлука за продажба на сопствени акции

- Предлогодлука за усвојување

12. Донесување на одлука за одобрување на голема зделка како зделка со заинтересирана страна- купопродажба на меркантилна пченица за човечка исхрана од реколта 2020 год .

- Извештај од овластен ревизор.

- Предлогодлука за усвојување

13.Донесување на одлука за одобрување на зделка со заинтересирана страна- купопродажба нa сточно брашно.

- Предлогодлука за усвојување

14.Донесување на одлука за одобрување на зделка со заинтересирана страна- купопродажба нa пченка .

- Предлогодлука за усвојување

Се повикуваат сите акционери наЖито ПологАДТетово, односно нивните полномошници или застапници да присуствуваат и учествуваат во работата на Собранието на акционери.

Право на глас на Собранието имаат акционери кои поседуваат акции со право на глас запишани во Акционерската книга наЖито ПологАДТетово што се води во ЦДХВ, односно нивните полномошници или застапници.

Секој акционер кој има намера да учествува на свикано Собрание должен е да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на закажаната седницана Собранието.

Акционерите можат да овластат полномошник на седница на Собраниена Друштвото со давање на полномошно во писмена форма без обврска да го заверат полномошното кај нотар. Акционерот треба веднаш да го извести Друштвото за секое полномошно дадено во писмена форма. Известувањето треба да биде во писмена форма на адреса на седиштето на Друштвото, ул.МаршалТитобр.134 Тетово. Во прилог на известувањето се испраќа и копија оддаденото полномошно, а оригиналот од полномошното полномошникот е должен да го носи на седницатана Собранието. Акционеркојнемадагоизвести Друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Обрасците за давање на полномошно во писмена форма секој акционер може да ги преземе од официјалната интернет страница на Друштвото www.zitopolog.com.mk

Согласно Законот за трговски друштва акционерите кои поединечно или заеднички по седуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања во рок од 8 (осум) денаодденотнаобјавувањетонајавниотповикводневенвесник, а подеталнии нформации за начинот на предлагањето чки на дневен ред, поставување прашања и предлагање одлуки од странана акционерите може да се најдат на официјалната интернет страницана Друштвото www.zitopolog.com.mk

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневенред согласно Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.

Материјалите од дневниот ред што се подготвени за Собранието им се достапни на акционерите, односно нивните застапници или полномошници секој работен ден од денот на објавувањето на јавниот повик во просториите на Друштвото на ул. Маршал Титобр.134 во Тетово и на официјалната интернет страница на Друштвото www.zitopolog.com.mk

                                                                                                      ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ